• Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
• Проверете дали апаратот е
монтиран под или во близина на
безбедна структура.
2.2 Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали параметрите на
плочката со спецификации се
компатибилни со електричната
моќност на мрежата на електрична
енергија.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжни кабли.
• Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
• Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
• Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
• Само за Велика Британија и Ирска.
Овој апарат е опремен со штекер
од 13 A. Ако е потребно да го
смените осигурувачот во штекерот
за струја, користете осигурувач од
13 A ASTA (BS 1362).
2.3 Поврзување со вода
• Не ги оштетувајте цревата за вода.
• Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
• Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
• Доводното црево е со безбедносен
вентил и обвивка со внатрешен
кабел за струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасен напон.
• Доколку доводното црево е
оштетено, веднаш затворете ја
чешмата и извадете го
приклучникот од штекерот за струја.
Јавете се во овластениот Сервис
за да го заменат доводното црево.
2.4 Употребете го
• Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
• Детергентите за машината за
миење садови се опасни. Следете
ги безбедносните упатства дадени
на пакувањето на детергентот.
• Немојте да ја пиете или да си
играте со водата од апаратот.
• Не вадете ги садовите од апаратот
додека не заврши програмата. На
садовите може да остане малку
детергент.
• Апаратот може да ослободи жешка
пареа доколку ја отворите вратата
додека функционира некоја
програма.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
2.5 Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
МАКЕДОНСКИ 5